
| Време на приготвување: 15 минути |
Потребни состојки
* 120 г свежи моркови
* 300 г свежи јагоди
* 1 банана (150 г)
* 2 лажици сок од лимон
* 1/2 лажичка каранфилче во прав
* 1/2 лажичка цимет во прав
* 1 ванилин шеќер
* 2 лажици мед
* 450-500 мл кокосово млеко
Начин на подготовка
Излупените и ситно исечкани моркови се мешаат со исечените јагоди и бананата и се ставаат во блендер.
Додадете сок од лимон, каранфилче, цимет, ванилин шеќер, мед и половина од кокосово млеко.
Испасирајте ја смесата во блендер да стане хомогена.
На смесата, додадете го останатото кокосово млеко, добро промешајте и сипете го соодветни чаши и оставете да се олади околу 20-тина минути во фрижидер.
Би сакале ли да бидете присутни во моментот, емоционално стабилни, смирени и многу сконцентрирани? Бидејќи стресот постојано ни го одзема мирот, експертите за опуштање ни нудат интересни совети со цел да го добиете назад чувството на спокојство и удобност во сопствената кожа.

Во својата книга „How To Train A Wild Elephant“, експертот Џен Чозен Бејс ја нагласува важноста на бистрината и концентрацијата. Идеите од зен будизмот ја инспирирале да им понуди неколку совети на современите луѓе кои, заради наметнатиот притисокот, ментално не се таму каде што се, туку таму каде што мораат да бидат. Решението кое го нуди е свесност за моментот во кој што се наоѓаме, сега и тука. Таа смета дека на тој начин се постигнува состојба на емоционална стабилност и подобра меѓучовечка комуникација.
За да го постигнете наведеното, Бејс ги нуди следните трикови:
Другата рака
За некои едноставни работи кои ги вршите секојдневно користете ја недоминантната рака - на пример кога ги миете забите или јадете. Ако сакате вистински предизвик, користете ја недоминантната рака за пишување или за јадење со кинески стапчиња.
Без траги
Изберете една просторија во вашиот дом во која цела седмица ќе ги бришете вашите траги од користење на просторот. Најдобро е тоа да биде купатилото или кујната. Исчистете ги трагите кои сте ги оставиле зад себе така што ни полицијата не би можела да открие дека сте биле во собата.

Исфрлете ги непотребните зборчиња
Станете свесни за некои непотребни зборчиња и изреки кои ги користите и исфрлете ги од вашиот речник. Тоа се зборчиња кои не додаваат никакво значење на она што го говорите, како на пример „хм...“, „а...“, „ова...“ и слично. Препознајте и во кои ситуации најчесто ги користите и која е причината за тоа.
Набљудувајте
Неколку пати во текот на денот додека работите нешто со рацете, гледајте ги како да се туѓи, како да припаѓаат на некој друг. Набљудувајте ги и додека се мирни.
Јадете во мир
Оваа недела додека јадете или пиете немојте да правите ништо дополнително. Седете на масата и уживајте во вкусовите и миризбите. Опуштете се и не гледајте телевизија.

Мислете на неа
Еднаш дневно размислете за вашата блиска личност, партнерот или партнерката. Размислете за квалитетите кои ги поседува и дајте и’ комплимент. Што поконкретна е пофалбата, тоа подобро.
Држење
Неколку пати во текот на денот станете свесни за вашето држење. Ако ги затворите очите, кои сетила би ви кажале дека седите или лежите? Каде чувствувате притисок? Правилното држење, освен за ’рбетот, важно е и за психата.
Вдишете па кажете
Кога и да го слушнете телефонот или вратата како ѕвонат, три пати длабоко вдишете и издишете па потоа одговорете.
Здравата и природно сјајна кожа е цел на секој маж и на секоја жена. Но, нејзината убавина доаѓа од она што го внесуваме во себе преку храната. Прочитајте кои витамини се препорачливи за да имате подобар изглед на вашата кожа:
Витамин А
Тој е потребен и клучен за одржување на виталното ткиво на кожата. Ако имате недостаток од витаминот А, вашата кожа ќе биде сува. Внесувајте ја потребната доза на овој витамин преку храната: слатките компири, морковите и ливчестиот зеленчук со изразена зелена боја нека бидат дел од вашето дневно мени. Истражувањата покажуваат дека во допир со кожата, лосионите кои содржат витамин А, ја штитат од акни и влијаат на намалување на брчките.
Б-комплекс
Освен во вид на апчиња, може да се најде и внесе преку храната: овес, јајца, ориз, банани… Б-комплексот се состои од витамини кои се потребни за вашата кожа, коса и нокти. Ако имате недостаток, може да се појави опаѓање на косата или дерматит. Кремите со Б-комплекс ја хидратираат кожата и прават таа да сјае. Исто така имаат антивоспалително дејство и го изедначуваат тенот.
Витамин Ц
Сите
цитрусни овошја се преполни со витаминот Ц, како и карфиолот, бабурите и зелените зеленчуци. Витаминот Ц, освен што одлично се справува со настинките, тој ù е и пријател на кожата, во поглед на создавањето на колагенот. Помага при намалување на брчките, ја подобрува текстурата на кожата и влијае заштитно при изложеност на кожата на сонце.

Витамин Е
Овој витамин помага за оштетената и сува кожа. Редовно грицкајте бадеми, ореви, лешници и други јаткасти плодови, јадете маслинки и спанаќ ако сакате сјајна кожа. Тој ќе помогне и во зацврстувањето на вашата коса и враќањето на нејзиниот сјај. За кожа која има изгореници и лузни, препорачливо е да се трие местото со масло со витамин Е.

Витамин К
Витаминиот К се препорачува за кожа со модрици и темни кругови околу очите. Побарајте креми и лосиони кои го содржат овој витамин за да избегнете и настанување на брчки и губење на бојата на кожата. Може да се најде во зеленчук, но најдобро е кога се нанесува локално.
Долгогодишната естрадна војна на двете српски турбофолкерки, Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ есенва конечно ќе добие свој епилог и тоа судски.
За четири месеци, двете пејачки ќе се појават на рочиштето по повод тужбата која Ражнатовиќ ја покрена против Карлеуша.
Цеца, која започна да ја отслужува казната во домашен притвор, ќе има право да го напушти домот на 30-ти ноември и да присуствува на рочиштето. Ражнатовиќ поднесе тужба против колешката, која нејзе и нејзиното семејство тешко ги навреди во „отвореното писмо“ кое го објави на Facebook. Карлеуша пред судот ќе мора да ги објасни и аргументира своите тврдења кои ги изнела во спорниот текст, а доколку не се појави пред Вишиот суд на закажаниот датум ќе сноси последици.
- Главната судска расправа е одржана пред два дена, а тогаш се појавија само адвокатите на тужителката и тужената. Тогаш адвокатот на Цеца соопшти дека останува на сè што навела во тужбата. Судијата предложил да се сослуша Јелена Карлеуша Тошиќ и сите останати тужени и сведоци, кој го пренеле отвореното писмо на популарната пејачка, соопштил за Alo! добро информиран судски извор.
За потсетување, Карлеуша во своето отворено писмо ја спомена долгогодишната тортура која ја трпела од Жељко Ражнатовиќ Аркан, за Цеца напиша дека е „глупава како к*р, но тоа што ја натерало Светлана Ражнатовиќ да ја покрене тужбата бил фактот што во текстот се споменуваат и нејзините деца.
Современите истражувања покажуваат дека луѓето се склони кон тоа да ги преиспитуваат своите врски за време на празниците. Овој податок се однесува подеднакво како на младите, така и на оние долгогодишните брачни парови. Вообичаено опасноста поминува после неколку денови, но сепак ќе ви дадеме едно предупредување во вид на - 10 знаци дека тој/таа се спрема да му фатат петици на ветерот. Ако ви изгледа дека некои од сигналите кои сте ги воочиле кај својот партнер, тоа не мора нужно да значи дека е време за сирени. Секој од вас едноставно може да има лоша недела. Но, ако приметувате многу од опишаните знаци, а воедно и самите веќе извесно време се прашувате што не е во ред со вашата врска, вистински момент е истото прашање да му го поставите и на вашиот партнер.
1. Телефонот не звони повеќе
Знаете веќе како започнуваат врските. Пораки со бакнежи, ви заѕвонува само за да ви го слушне гласот... Природно е да се створи затишје со тек на времето од првиот љубовен занес. Но, ако вашиот партнер не примети дека со денови не сте се виделе ниту слушнале, време да се запрашате. Освен што е тоа знак на ладење на страста, уште поверојатно е дека се обидува да го избегне непријатниот разговор за разделбата.
2. Ќе се слушнеме покасно!
Освен што тој/таа не ви се јавува, се смета за невозможна мисија да го/ја добиете. Сите ние денес имаме многу обврски, но сепак ако "Ќе ти се јавам покасно", "Ќе се слушнеме после" и "Не можам сега да разговарам", станале ваше секојдневие, вашето време истекло.
3. Јавните искажувања на љубовта исчезнале
Сигурно некогаш имате наидено на симпатичен постар пар кој спокојно се шета низ градот држејќи се рака под рака. Вие уште сега можете да заборавите на било каков телесен контакт во јавноста. Тоа отприлика би значело дека староста нема да ја дочекате заедно.
4. Таен агент
Кога ќе влезете во собата, веднаш го исклучува интернетот. Честопати не сака да се јави на телефонските повици во ваше присуство. Се почесто случајно дознавате дека не е таму кај што сте мислеле дека е. Потребата на било кој начин да се сокрива пред вас е загрижувачка.
5. Неговите/нејзините пријатели не ви се повеќе наклонети
Пријателите на партнерот во почетокот ве прифатиле, но одеднаш чувствувате дистанца. Можна причина : тие знаат нешто што вие не го знаете, па се наоѓаат во прилично непријатна ситуација.
6. Непрекинливи расправии околу ситници
Дека мажите се од Марс, а жените од Венера, тоа на сите ни е јасно. Но, ако не помине ниту еден ден без да не пламне искрата на недоразбирање и се претвори во вистинска војна од тешки зборови, тоа веќе не е нормална машко-женски врска. Караници околу ситници, околу она што требало да биде романтично излегување за двајцата, ама баш околу се. Време е за еден смирен разговор, па макар и да е последен.
7. Ништо не е добро
Сосема ништо од она што го правите не е добро. Ништо што ќе облечете не е добро. Приговори на секојдневни теми, најчесто се знак дека не е задоволен со општата состојба. Тоа води само во еден правец - кон крајот.
8. Значителна промена на изгледот
Кога луѓето се желни за промени, прво го прават она најлесното - го менуваат својот изглед. Новата фризура, обновувањето на гардеробата, подобрување на хигиенските навики, тоа се сигнали кои можат да остават загрижувачка порака. Една е желбата на таа личност да остави впечаток на некој друг. Втората е едноставно желба за промени. Ако е задоволна со работата, ако е задоволна со меѓучовечките односи, тогаш можеби тоа што сака да го промени сте токму вие.
9. Златна тишина
Кога некој ќе го загуби интересот за другиот, повеќе нема потреба да слуша за нејзините секојдневни случки. Но, тоа што е навистина загрижувачки е моментот кога ќе престане да зборува за себе. Кога ќе приметите дека вашиот избраник/избраничка повеќе не ги споделуваат со вас секојдневните случки, а заедничката тишина станува непријатна, вашата врска треба добро да се преиспита.
10. Разговорите за иднината веќе се минато
Заедничките планови станале еднострани? Не станува збор за подалечна или поблиска заедничка иднина? Можеби тоа се случува затоа што вашата втора половина има други планови...
Еве брз и лесен тест : започнете разговор за некое заедничко патување или подалечна свадба на некои пријатели. Ако вашиот партнер проба да ја смени темата или има аргументи зошто тоа е неизводливо, променете ја темата на разговорот. Можеби е вистински момент да се запрашате дали вашиот партнер воопшто сака да биде со вас, се дотогаш.
Сознанието дека е на повидок раскинување на врската сигурно е многу болно. Иако можеби својата љубов сакате грчевито да ја задржите, таа ако треба тоа да се случи ќе побегне на овој или оној начин.
Ако се соочите на време со вистинскиот проблем, постои мала шанса да смирите некои работи и да продолжите понатаму. Во секој случај, заеднички одлучете што е најдобро за двајцата, за да можете да свртите нов лист во својот живот.